ВИВАРТА - V I V A R T A
МАКЕДОНИЈА | СКОПЈЕ - БИТОЛА

ЗА НАС


Виварта веќе една деценија успешно функционира на пазарот. Основана е во Битола. Од основањето, па се до денес, водени од желбите на потрошувачите постојано вложуваме и го прошируваме асортиманот на производи за да го збогатиме животот на современиот човек со производи со стил, квалитет и дизајн.

Континуирано се трудиме да се прилагодиме на постојаните промени на современите потреби и да бидеме во тек со светските текови на нови производи и сето тоа по прифатливи цени.

Тимот на Виварта со многу посветеност и одговорност во работењето ги гради односите со потрoшувачите и ја оправдува нивната доверба и лојалност.

Во 2012 година се основа подружница во Скопје за да бидеме присутни на северниот дел од пазарот и поблиску до нашите кленти.


МИСИЈА


Мисијата на нашето работење е унапедување на пазарните позиции и освојување на нови пазари со производи со современ дизајн.

За да го обезбедиме успехот на компанијата на долг рок, правиме континуирана ревизија на целиот асортиман на производи и се обидуваме да држиме што попристапни цени како би одговориле на потребите на потрошувачите.